Meryem Göktaş
20 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
КОПЕНГАХЕН (AA) - Вчера во Данска беше уапсен Ибрахимјон Аспаров, наводно соучесник на Абдулкадир Машарапов, главниот осомничен за масакрот во новогодишната ноќ, во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“, јавува Anadolu Agency (AA).
Аспаров е обвинет дека Машарипов го снабдувал со оружје и муниција, а на барање на Турција тој е притворен по вторпат, наведуваат данските медиуми. Тој се појави пред судот, каде што даде кратка изјава.
Откако го прочита турското обвинение против Аспаров, обвинителката Дорте Молер-Андерсен побара четиринеделен притвор, додека не се донесе одлука за негово испорачување. Судијата го прифати барањето на обвинителката, на коешто адвокатот на Аспаров вложи жалба.
Се додава дека полицијата за време на апсењето запленила и компјутерска опрема од осомничениот.
На барање на Турција, Аспаров е притворен на 29. јуни, во југоисточниот град Јутланд, со помош на данската разузнавачка служба, но беше пуштен по сослушувањето. Молер-Андерсен рече дека Турција во рок од 18 дена може да побара екстрадиција на Аспаров.
Најмалку 39 луѓе, меѓу кои и еден полицаец, загинаа кога напаѓачот отвори оган во текот на новогодишната забава во ноќниот клуб во истанбулската населба Ортаќој. Машарипов беше уапсен на 16. јануари.