Emre Aytekin
01 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
АНКАРА
Вооружените сили на САД и НАТО стационирани во Авганистан од денес официјално започнаа да се повлекуваат, известува Агенција Анадолија (АА).
Почнувајќи од денес, Авганистан во фази ќе го напуштат американските војници чија бројка во моментов се проценува меѓу 2.500 и 3.000, и приближно 7.000 воен персонал на НАТО.
Претседателот на САД Џо Бајден на 15 април соопшти дека процесот на повлекување ќе започне на 1 мај и сите воени сили ќе се повлечат пред 11 септември, годишнината од инвазијата на Авганистан.
Во соопштението на Министерството за одбрана на САД се наведеува дека процесот на повлекување започна со затворање на малите воени бази во земјата минатата година, а подготовките добиле на интензитет по одлуката на претседателот Бајден.
Во соопштението се истакнува дека досега само 60 американски војници го напуштиле Авганистан.
САД и НАТО - сојузниците го окупираа Авганистан на 7 октомври 2001 година, со образложение дека ја кријат и ја штитат организацијата Ал Каеда, која се сметаше дека е одговорна за нападите на 11.09.
Според проценките направени во рамките на проектот „Воени трошоци“, спроведен од страна на Универзитетот Браун во САД, во 20 годишниот период на војната во Авганистан се потрошени над 2 трилиони долари.
Во оваа војна животот го загубија 2.442 американски војници, 20.666 беа ранети, а загинаа и 1.144 лица од воен персонал на НАТО.