Muhammet Nazım Taşcı
07 Август 2022•Ажурирај: 08 Август 2022
Во вооружениот напад извршен врз пратеникот Малик Лијакат Али Кан во пакистанската покраина Хајбер Пахтунва загинаа четири лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, извршен е напад во пакистанското подрачје на Долен Дир во близина на границата со Авганистан, врз Малик Лијакат Али Кан, пратеник во Парламентот на покраината Хајбер Пахтунва од партијата на поранешниот пакистански премиер Имран Кан, Движење за правда на Пакистан (ПТИ).
Во нападот загинале четири лица, од кои братот на пратеникот Кан, неговиот роднина, како и двајца безбедносни службеници.
Пратеникот Кан е тешко повреден како резултат на нападот и е пренесен во болница.
Започната е истрага во врска со случајот, а сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.