Sertaç Bulur
08 Август 2022•Ажурирај: 08 Август 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека уште два брода со жито запловиле од Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, испораките на жито од украинските пристаништа продолжуваат во рамките на работата на Заедничкиот координативен центар.
Утрово од Јужни тргна бродот САКУРА кој превезува 11.000 тони соја за Италија, а од Черноморск заплови бродот АРИЗОНА кој превезува 48.458 тони пченка за Искендерун, јужна Туркије.
Исто така, четири брода кои вчера тргнаа од украинските пристаништа и продолжуваат да пловат кон Истанбул вечерва ќе се закотват во метрополата, а утре ќе им биде извршена контрола.