Aldijana Hadzic
20 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
КАРАЧИ
Бројни пожарникари настојуваат да го угасат пожарот што изби во Карачи, Пакистан, известува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот што изби во Тин Хати зафати повеќе од 300 станбени објекти. Пожарникарите настојуваат со натчовечки сили да ја стават под контрола огнената стихија и да го спречат нејзиното проширување.
Поради пожарот стотина семејства, кои и онака беа во незавидна економска ситуација, останаа без кров над главата.