Qais Omar Darwesh Omar,Ali Semerci
07 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
РАМАЛА (АА) - Палестинските власти го поздравија ставот на власта на САД, со кој се отфрла најавата на израелската Влада за изградба на нови нелегални еврејски населби на подрачјето на окупираниот Западен Брег, известува Агенција Анадолија (АА).
„Го поздравуваме ставот на американскиот Стејт департмент кој ја отфрла одлуката на израелската Влада за проширување на населбите на окупираниот Западен Брег“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестина.
Во соопштението се наведува дека планот на Израел да ги прошири своите населби претставува јасно кршење на меѓународните права и Женевската конвенција и дека таквиот став на САД е добредојден, но дека тој сам по себе не е доволен.
Од Рамала порачаа дека Израел е директно одговорен за „експлозивните колонијални“ планови и нивните последици.
Палестинското раководство најавува дека ќе продолжи пред Меѓународниот кривичен суд, Обединетите нации и релевантните совети и организации да бара начини со цел да се осигури најширока осуда на овие израелски планови.
САД ја осудија намерата на Израел да ја одобри изградбата на околу 4.000 станбени единици на Западниот Брег.
Џалина Портер, заменичката на портпаролот на американскиот Стејт департмент, на брифингот пред новинарите изјави дека американската администрација се противи на израелското ширење на населбите.