Murat Tan
29 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
РАМАЛА (АА) - Палестинецот Марван Бергуси, кој се наоѓа во израелски затвор, одби да го прекине штрајкот со глад којшто трае веќе 42 дена, соопштија од Делегацијата на палестинските затвореници и од Клубот на палестинските затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на палестинските организации се вели дека Марван Бегуси нема да се откаже од штрајкот додека, меѓу другото, не им се укинат санкциите на затворениците и додека не им бидат обезбедени нивните права.
Во саботата, палестинските затвореници во израелските затвори го завршија штрајкот со глад, кој траеше 40 дена.
Бергуси во израелскиот затвор се наоѓа од 2002 година и осуден е на пет доживотни казни и затворска казна во траење од 40 години.
Повеќе од 1.500 Палестинци во израелските затвори, на 17 април го започнаа штрајкот со глад, предводени од Бергуси, а бараат подобри услови во затворите.