Oktaj Omeragikj
08 Јуни 2025•Ажурирај: 10 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Мервет Хиџази (38), која го загуби сопругот во израелските напади врз Газа, се бори да преживее во шатор со своите 9 деца во градот Газа, известува Анадолу.
Мајката Хиџази секојдневно се соочува со проблеми во изнаоѓањето на храна за своите деца поради блокадата наметната од Израел и затворените гранични премини.
Семејството Хиџази не може да пристапи до доволно храна и чиста вода за да се прехрани и преживее.
Блокадата на хуманитарните конвои постојаните напади врз Палестинците кои чекаат помош во центрите за дистрибуција на помош за цивилите во Појасот Газа со секој изминат ден дополнително ја влошува продлабочената хуманитарна криза во регионот.
Според Канцеларијата за медиуми во Газа, помеѓу 27 мај и 6 јуни, израелските сили извршиле напади врз центрите за дистрибуција на помош, убивајќи 110 Палестинци и ранувајќи 583. Девет Палестинци сè уште се водат за исчезнати.