Mahmut Geldi
29 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
ЕРУСАЛИМ
Палестинскиот претседател Махмуд Абас се сретна со израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од израелското Министерство за одбрана се наведува дека Ганц го угостил палестинскиот претседател Абас во неговиот дом во Рош Хааин.
За време на средбата, според соопштението, разговарано е за различни прашања од областа на безбедноста.
„Средбата траеше приближно 2,5 часа. Израелскиот министер за одбрана на палестинскиот претседател му пренесе дека се подготвени да продолжат со активностите за градење доверба“, се нагласува во соопштението.
Министерот Хусеин еш-Шејх, шеф на палестинската администрација за цивилни прашања одговорна за односите со Израел, во изјава на својот твитер-профил рече дека претседателот Абас се сретнал со Ганц.
Истакнувајќи дека се разговарало за можностите за отворање политички хоризонт во согласност со одлуките на меѓународната заедница, Шејх рече дека се разговарало за безбедносните, економските и хуманитарните прашања, особено за настанатите тензии поради практиките на еврејските доселеници на Западниот Брег.