Servet Günerigök
29 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Четири лица загинаа кога мал службен авион се урна во населбата Ел Кајон во близина на Сан Диего во американската држава Калифорнија, потврдија властите во вторникот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Авионот се срушил во околу 19 часот по локално време во понеделникот’, се вели во соопштението од Одделот на полицијата на округот Сан Диего.
Според Федералната управа за авијација, авионот полетал од Аеродромот „Џон Вејн“ во Санта Ана со две лица од екипаж и двајца патници.
Беше планирано да слета на Аеродромот „Гилеспи Филд“ во Ел Кајон. Одделот на полицијата на округот Сан Диего соопшти дека пожарникарите не успеале да најдат преживеани на местото на настанот.
„Нашите мисли и молитви се со оние кои се погодени од авионската несреќа“, се вели во соопштението.