Ekip?
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ДАКА (АА) - Папата Франциско ја повика меѓународната заедница да преземе одлучни чекори во решавање на кризата со Рохинџа муслиманите, откако денес од Мјанмар пристигна во Дака, главниот град на Бангладеш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Духовниот водач на 1,2 милијарди католици во светот е дочекан со црвен тепих на Меѓународниот аеродром „Хазрат Шахџалал“. Го поздрави Абдул Хамид, претседателот на Бангладеш. Потоа папата Францско го посети Меморијалот на националните маченици, споменик подигнат во знак на сеќавање на сите кои се жртвуваа во Ослободувачката војна во 1971.
Според наводите на државната новинска агенција на Бангладеш, папата истакнал дека меѓународната заедница мора да преземе одлучни чекори за решавање на кризата со араканските муслимани - Рохинџа, земајќи ја предвид тежината на ситуацијата. Се додава дека папата Франциско во своите изјави го избегнувал зборот Рохинџи.
„Потребно е меѓународната заедница да преземе одлучни чекори за решавањето на оваа тешка криза. Никој од нас не може да биде свесен за ситуацијата, неизмерните губитоци и човековото страдање и за несигурните услови на живот за многу од нашите браќа и сестри од кои поголемиот дел се жени и деца, во преполните бегалски кампови“, изјави папата Франциско.
Планирано е папата да престојува во амбасадата на Ватикан во градското подрачје на Баридар. Утре, папата Франциско ќе се состане со премиерот на Бангладеш, а потоа ќе ја посети катедралата за да се запознае со државните бискупи и да се придружи на молитвената служба со околу 80.000 католички верници. За сабота е закажана средба на папата со свештениците и со младите од различни цркви и институции. Потоа, поглаварот на католичката црква би требало да полета од аеродромот во Дака за Рим.