Ekipa
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ВАРШАВА (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Френсис, изјави дека изедначувањето на исламот со насилството не е коректно, јавува Anadolu Ahency (AA).
„Тоа не коректно, да се изедначува исламот со насилство. Тоа не е правилно и не е точно. Јас верувам дека во секоја религија секогаш постои една мала група фундаменталисти“, рече папата Францис, одговарајќи на новинарско прашање зошто никогаш не го спомнува исламот кога го осудува тероризмот или друг вид на насилство.
„Не ми се допаѓа да зборувам за исламското насилство затоа што секој ден кога го прелистувам весникот гледам насилство во Италија. Тие се крстени католици. Ако зборувам за исламското насилство, тогаш треба да се зборува и за католичкото“, рече папата за новинарите за време на посетата на Полска.
Терористичката група ДАЕШ се претставува себе си со „насилна лична карта“, но според папата, тоа не е ислам.