Halit Süleyman
01 Август 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АЛЕПО (АА) - Сириската опозиција собори воен хеликоптер на руската армија во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА од локални извори, опозициските единици соборија руски воен хеликоптер во близина на Тел Султан, во јужниот дел на Алепо. Хеликоптерот бил соборен од ракета чувствителна на топлина.
Изворите наведуваат дека загинал екипажот на хеликоптерот, но не беше кажано за колкав број на луѓе се работи.
Сирискиот режим и Русија сè уште не излегоа со соопштение во врска со хеликоптерот во Алепо.