Ekipa
28 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
ВАТИКАН (АА) - Папата Францис за време на неделната миса во Ватикан ги повика европските земји да се приклучат кон акцијата за помош на бегалците во Европа и го поздрави прекинот на огнот во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот католички поглавар во обраќањето пред верниците нагласи дека европските земји мора да го сносат „заедничкиот товар” и да им помогнат на оние кои бегаат од војната и нехуманите услови за живот.
Зборувајќи за бегалците, тој ја пофали Грција за гостопримството и топлото добредојде кое оваа земја им ја нуди на бегалците кои секојдневно пристигнуваат на нејзиниот брег.
За да се постигне балансиран одговор, сите земји мора да работат заедно, рече папата, додавајќи дека бегалците сe во неговите молитви.
Папата го поздрави прекинот на огнот во Сирија, повикувајќи ги верниците да се молат за да може овој потег да им донесе спокојство на жителите кои се погодени од граѓанската војна.