Nuri Aydın
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
АНКАРА
Папата Франциск, духовниот водач на католичкиот свет, удри по рака една жена што го повлече за време на новогодишните прослави на Плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Си-ен-ен“ (CNN), Папата во рамките на новогодишните активности ги поздрави луѓето собрани на плоштадот, а со некои од нив и се ракуваше.
Папата Франциск, по поздравувањето сакаше да продолжи по својот пат, но жената со која се ракуваше го повлече кон себе и не му ја пушташе раката. Папата со другата рака ја удри жената по рака.
На снимките се гледа дека жената е изненадена од острата реакција на Папата.