Ekipa
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
РИМ (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, изјави дека е „ чуден парадокс” тоа што храната често не може слободно да стигне до оние на кои им е најпотребна, а оружјето се тргува слободно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Папата при посетата на Светската програма за храна, го осуди „безмилосното слободно тргување со оружје” во целиот свет, додека хуманитарна помош често е попречувана.
„Како резултат на тоа, војните се хранат, а не луѓето. Во некои случаи, гладта како таква се користи како оружје на војната”, рече папата Франциско.
Коментарите на папата дојдоа еден ден откако вооружено лица нападна ноќен клуб во Орландо, каде што загинаа 50 луѓе.