Ekipa
30 Мај 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
ПАРИЗ (АА) - Градското собрание на Париз сака да именува мал плоштад по принцезата Дијана. Плоштадот се наоѓа во близина на местото на сообраќајната несреќа во која во 1997 година загина принцезата на британското кралско семејство, пренесува Anadolu Agency (AA).
На местото веќе се наоѓа споменикот „Пламен на слободата“, посветен на принцезата Дијана, над тунелот Алма во кој се случи несреќата.
Плоштадот моментално го носи името по оперската пејачка Марија Калас. Официјалниот претставник од Градската управа во четвртокот изјави дека Собранието наредниот месец ќе гласа за предлогот преименување на плоштадот. Имено, градските власти забележаа дека во градот веќе има авенија наречена по Марија Калас, а Париз сака да оддаде почест на Дијана за нејзината хуманитарна работа.
Принцезата Дијана, која тогаш имаше 36 години, заедно со нејзиното момче и возачот загинаа кога нивниот мерцедес се заби во бетонски столб во тунел.