Elena Teslova
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
МОСКВА (AA) - Центарот за источна книжевност на Руската национална библиотека ја претстави најголемата збирка книги од Османлиско царство и модерна Турција, лоцирана во европскиот дел на Русија со вкупно 35.000 колекциски примероци.
Директорката на Центарот за источна книжевност на Руската национална библиотека Марина Меланјина за Anadolu Agency (AA) изјави дека збрирката на првите принтани турски книги е најголемиот бисер колекции на збирки.
„Вкупно 13.000 примероци се модерни турски книги, списанија, весници и други печатени материјали кои ги нарекуваме предмети на Република Турција", додаде таа.
„Остатокот од колекцијата го сочинуваат книги на стар османлиски јазик и меѓу нив е збирката на првите печатени книги кои ги издаде печатницата на Ибрахим Мутеферик. Тука имаме 16 од 17 први штампани примероци", рече Меланјина.
Колекцијата настанувала од 1828 година кога Министерството за надворешни работи на Русија ги пренело книгите во својата библиотека. Турските книги ги добиле на подарок од тогашната османлиска амбасада. Потоа, колекцијата продолжила да расте, благодарејќи на уште неколку размени, купување и донации.
Во Центарот за источна книжевност на Руската национална библиотека исто така е достапна првата печатена турска книга, речник од два тома под називот „Ванкулу Лугати" (Vankulu Lugati) од 1729 година.
Уште една ретка книга во колекцијата е „Историја на западна Индија" (Tarih-i-Hindi Garbi) од 1730 година. Оваа илустративна книга е полна слики со луѓе и животни.
„Џиханнума" (Cihannuma) која ја напиша Катип Челеби е уште една важна книга во Руската национална библиотека позната по своите илустрации. Книгата првобитно е објавена без илустрации, но изданието кое турската амбасада и го подари на Руската национална библиотека содржи бројни слики и мапи кои се рачно обоени, додаде Меланјина.
Руската национална библиотека е основана 1728 годин и најголема библиотека во континентална Европа. Во јануари 2018 година имаше колекција од преку 47 милиони единици на 367 јазици. Меѓу познатите книжевници кои ја користеле големата колекција на библиотеката беа писателите Фјодор Достоевски и Лав Толстој.