Mahmut Atanur
09 Јануари 2021•Ажурирај: 10 Јануари 2021
ЏАКАРТА
Патничкиот авион на авиокомпанијата „Сривиџаја“ (Sriwijaya), со кој беше изгубен контактот во Индонезија, паднал во морето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за транспорт на оваа земја, Буди Карја Сумади, на прес-конференција истакна дека авионот се срушил пет минути по полетувањето.
Тој нагласи дека во авионот се наоѓале 12 лица од екипажот и 50 патници, и дека авионот се срушил на отворени води помеѓу Лаки и островот Ланџанг, северно од индонезискиот главен град Џакарта.
Сумади рече дека е започната опсежна операција за пребарување и спасување во зоната каде што се срушил авионот.
Тимовите на Националната агенција за пребарување и спасување нашле некои делови за кои се претпоставува дека се делови од авионот.
Портпаролот на Министерството за транспорт на оваа земја, Адита Иравати, претходно соопшти дека последниот контакт со авионот е воспоставен во 14:40 часот по локално време.