Mahmut Atanur
09 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
ЏАКАРТА
Изгубен е контактот со патничкиот авион на авиокомпанијата „Сривијаја" (Sriwijaya) во Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за транспорт на оваа земја, Адита Иравати, соопшти дека не може да се воспостави контакт со патничкиот авион „SJ182“ на авиокомпанијата „Сривијаја“.
Иривати информира дека контактот бил изгубен пет минути по полетување на авионот и дека последно во 14:40 часот по локално време е воспоставен контакт со авионот.
Според Иривати, работат на утврдување на координатите на авионот и вршат подготовки во врска со операциите за пребарување и спасување.
Од друга страна, сеуште не се дадени информации за бројот на екипажот и патниците.