Sinan Doğan
02 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
БОГОТА
Досега 33 лица го загубија животот по вчерашната несреќа при пад на патнички автобус во провалија во јужноамериканска земја Перу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во перуанските медиуми, автобусот кој од градот Хуануко се движел кон Лима, главниот град на Перу, паднал во провалија длабока 200 метри.
Првично беше соопштено дека во несреќата животот го загубиле 29 лица, а 24 се повредени.
Уште 4 лица го загубија животот од кои 2 деца, со што бројката на загинати во автобуската несреќа се зголеми на 33.
Повредените се лекуваат во локалните болници, а полицијата дојде до податокот дека возачот на автобусот кој ја предизвика несреќата, претходно бил казнет за пребрзо возење.
Патниците кои повредени се извлекле од несреќата, тврдат дека возачот заспал.