Yusuf Özcan
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
СТРАЗБУР (AA) - Хрватската министерка за надворешни и европски работи Марија Пејчиновиќ-Буриќ е избрана за нов генерален секретар на Советот на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватската министерка е избрана во првиот круг од гласањето со 159 гласови, додека нејзиниот главен противкандидат, беглискиот министер за надворешни работи Дидлер Рејндерс доби 105 гласови.
Пејчиновиќ-Буриќ и официјално на 18 септември на оваа функција ќе го наследи Торбјорн Јагланд од Норвешка, кој оваа функција ја извршуваше од 2009 година.