Ekip
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
СТАРЗБУР (АА) - Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги повика европските влади да помогнат во борбата со „недостатоците” кои се евидентни во глобалниот анти-допинг систем, јавува Anadolu Agency (AA).
Бах во својот денешен говор пред Советот на Европа во Старзбур истакна дека „соработката помеѓу владите и олимпиското движење е од витално значење”.
Бах додаде дека „во изминатите две години недостатоците во работењето на Светската антитопинг агенција (WADA) станале очигледни. Но охрабрувачки е да се види дека агенцијата сега почнала да се занимава со тие недостатоци ”.
Бах се обрати на Советот на Европа четири дена откако олимписките лидери се сложија да ја зајакнат улогата на 'WADA' и дека антитопинг системот мора веќе да биде независен ос спортските организации.
За време на говорот Бах не се осврнуваше на скандалот со допингот на руските спортисти под покровителство на државата.
Тој ги повика и европските земји да соработуваат со ИОЦ, велејќи им:
„Напредокот можеме да го направиме само со здружување на силите, работејќи заедно”.