Sayed Khodaberdi Sadat
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
КАБУЛ (АА) - Бројот на загинатите во вчерашниот бомбашки напад што се случи во центарот на Кабул, каде што се сместени голем број странски дипломатски претставништва, достигна 90 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен со активирање на експлозивна направа во камион кој бил паркиран во близина на плоштадот „Замбаг“, во центарот на градот. Од Министерството за здравство на Авганистан потврдија дека бројот на загинатите е зголемен на 90, а бројот на ранетите е 461 лице. Постои загриженост дека бројот на мртвите би можел да се зголеми.
Меѓу загинатите и ранетите поголемиот број се цивили. Од Стопанската комора на оваа земја соопштија дека во приватниот сектор е нанесена материјална штета во износ од околу 10 милиони долари.
Најмногу се оштетени банки, хотели и фирми. Разузнавачката агенција на Авганистан наведува дека постои можност зад нападот да стои екстремистичката група Хаккани.
Оваа организација се товари за низа големи напади врз авганистанската влада и целите на НАТО во Авганистан. Нападот се случи во непосредна близина на германската амбасата, но во тој кварт се сместени и амбасадата на Турција, Јапонија, Иран и на други земји.
Бомбашкиот напад го осудија голем број земји и меѓународни организации.