Nuri Aydın
27 Јануари 2023•Ажурирај: 29 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) – Повеќе од 200 луѓе годишно умираат во затворите во Англија и Велс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата за национална статистика (ONS) објави дека 2.714 луѓе починале во затворите во периодот од 2008 до 2019 година, што статистички значи дека во затворите во просек умирале 226 луѓе годишно.
Според податоците на Канцеларијата, 97 отсто од починатите се мажи, а 94 жени кои починале во наведениот период, претставуваат 3 отсто од вкупниот број на починати во затворите.
Покрај тоа, 677 од смртните случаи евидентирани во затворот во овој период се самоубиства, а 145 смртни случаи се поврзани со користење на дрога.
Џејмс Такер, статистичар во ОНС, во својата изјава вели: „Ризикот од смртни случаи кај мажите осуденици да умрат од причини поврзани со користењето на дрога во периодот од 2008 до 2015 година е приближен со вкупниот сооднос на смртност на машката популација во затворот, додека во периодот од 2016 до 2019 година овој просек повеќе се зголеми. Ова зголемување на смртни случаи се совпаѓа со зголемување на бројот на починати од нови психоактивни супстанции.“