Kenan Irtak
10 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Авионот на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ („Turkish Airlines“), во текот на приближувањето до аеродромот во Њујорк, влегол во турбуленција, при што биле повредени 30 лица, од кои 28 патници и 2 лица од екипажот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на „Tуркиш ерлајнс“, авионот на авиокомпанија, кој патувал од Истанбул за Њујорк, влегол во турбуленција во близина на аеродромот во Њујорк.
Во соопштението се вели дека во авионот се наоѓале 326 патници и 18 лица од екипажот.
„Поради турбуленција, со лесни повреди се здобија 28 патници и 2 лица од екипажот, кои потоа беа пренесени во болница“, се наведува во соопштението.
Авиокомпанијата изрази жалење поради овој случај, и соопшти дека внимателно се следи здравствената состојба на повредените.
Се истакнува дека 18 од вкупните 28 повредени се отпуштени од болница.