Ekipa
10 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија ќе одржи општи избори во седум фази, почнувајќи од 11 април, објави денес главниот комесар на Изборната комисија на Индија, Сунил Арора, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на прес-конференцијата, Арора соопшти дека на изборите право на глас имаат околу 900 милиони луѓе.
Тој додаде дека броењето на гласовите ќе се изврши на 23 мај.
За време на изборниот процес во Индија, редовно се ангажираат десетици илјади војници за спречување на инциденти низ целата земја.