Mahmut Atanur
18 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
ЏАКАРТА (AA) - Поради зголемена активност на вулканот Агунг на Бали, локалното население е предупредено на подготвеност и граѓаните се повикани да не се приближуваат на тоа подрачје, пренесува Anadolu Agency (AA).
По помала експлозија вулканот почна да исфрла пепел и чад во висина до 2.000 метри.
Надлежната Цивилна заштита ги предупреди граѓаните да не се движат и да не се доближуваат во радиус од 4 километри околу вулканот.
Последната голема ерупција на вулканот Агунг се случи во 1963 година. Во текот на 11-месечното исфрлање на лавата загинаа најмалку 1.000 луѓе и причинета е голема материјална штета. Во појасот, кој има потенцијален ризик од вулканот Агунг, живеат речиси 4 милиони луѓе.
Индонезија се наоѓа во таканаречен вжарен пацифички прстен кој се одликува со чести земјотреси и вулкани.