Said İbicioğlu
22 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Повторно се одвива воздушниот сообараќај на Меѓународниот аеродром „Митига“ во Триполи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Летовите се продолжени по пауза од два часа“, објавено е на официјалната страница на аеродромот.
Аеродромот е отворен поради слетувањето на авионот „Afrika Airlines“, кој полетал од Истанбул
Изворите наведуваат дека летовите се запрени поради проектилите кои паднале на аеродромот.
Либија е средиште на превирања од 2011 година, кога востанието поддржано од НАТО доведе до соборување и смрт на дотогашниот лидер Муамер Гадафи, кој беше на власт во земјата цели четири децении.
Оттогаш, силните политички поделби во земјата создадоа две ривалски места на моќ: едно во источниот град Бенгази, каде што се сконцентрирани силите на Хафтар, а другото во Триполи, поддржано од ОН.