Tufan Aktaş
23 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АДИС АБЕБА (АА) - Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, соопшти дека е ставен под контрола обидот за пуч врз локалната власт во Амхара, додавајќи дека има загинати и ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Обраќајќи ѝ се на нацијата, премиерот Ахмед информираше дека началникот на Генералштабот на Етиопија, Сеаре Меконен, во етиопската област Ахмара бил нападнат од страна на „платени војници“, кои се дел од групата што се обидела да изврши пуч врз локалната власт, додавајќи дека нема точни информации за здравствената состојба на генерал Меконен.
Премиерот Ахмед рече дека обидот за пуч во Ахмара е задушен, воспоставена е безбедносна контрола во регионот, но соопшти дека во судирите за време на обидот за пуч, загинале или се ранети некои од претставниците на власта.
Од друга страна, локалните медиуми објавија вести во кои се вели дека началинкот на Генералштабот, Меконен, е убиен во обидот за пуч.
- Прекинат е интернетот во целата земја -
Обидот за пуч започнал во 18:00 часот според средноевропско време, а околу пет часа подоцна, прекинат е интернетот во целата земја.
Поставена е контролна точка на патот кој води кон аеродромот „Боле“ во главниот град, а во исто време во единиците се повикани сите претставници на војската кои не се на должност.
Синоќа канцеларијата на етиопската Влада соопшти дека една вооружена група се обидела да изврши пуч врз локалната власт во областа Амхара во северниот дел на земјата.