Ekip
24 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
МИНСК (АА) - Најмалку петмина војници загинаа, а четворица се повредени во источниот дел на Украина во последните 24 часа, во судирите кои се најжестоки во последниве неколку месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во борбите на сепаратистите поддржани од страна на Русија, со украинските владини сили, од почетокот на 2014 година загинаа повеќе од 10.000 луѓе.
Договорот за прекин на огнот, кој беше потпишан во 2015 година, доведе до намалување на судирите, но не и до целосно запирање.
Од Канцеларијата за односи со јавноста на вооружените сили на Украина се соопштува дека четворица од петмина војници кои беа убиени во изминатите 24 часа, загинаа во близина на селото Kрумске, во регионот Лушанск, каде што борбите траеја осум часа. Владата на Украина соопшти дека се работи за најголема загуба од јули.
Бунтовниците од Луганск не објавија информации за тоа дали има жртви.