Şerife Çetin
04 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Седумдесет и два отсто од наставниот кадар во основните и средните училишта во земјите членки на Европската Унија (ЕУ) се жени, пренесува Anadolu Agency (AA).
По повод Светскиот ден на учителите, Евростат ги објави ажурираните податоци за наставниот кадар во основните и средните училишта во земјите членки на ЕУ.
Според овие податоци, 72 отсто од наставниот кадар во основните и средните училишта во ЕУ се жени.
Девет отсто од наставниот кадар се под 30-годишна возраст, додека 36 отсто од нив се над 50-годишна возраст.
Од друга страна, 87 отсто од наставниот кадар во Летонија се жени, по која следуваат Латвија, Бугарија, Естонија и Словенија.
Меѓу другото, 35 отсто од наставниот кадар во Данска и Луксембург се мажи, по кои следуваат Шпанија, Грција, Франција и Холандија.