Vakkas Doğantekin
04 Октомври 2019•Ажурирај: 05 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Речиси 1.100 случаи со болести на дишните патишта се пријавени во американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) од 48 сојузни американски држави и една територија на САД поради користење на електронски цигари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неделниот извештај на американскиот Центар за контрола и превенција на болести се наведува дека од почетокот на овој месец се пријавени 18 смртни случаи во 15 американски држави.
Сите пациенти имаат историја на користење електронски цигари, особено оние кои содржат тетрахидроканабинол (THC), што според последните национални и регионални истражувања претставува клучна причина.
Тетрахидроканабинол е кристално соединение кое е главната активна состојка на канабисот.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести објави дека околу 70% од пациентите се мажи, претежно на вораст под 35 години.
„Корисниците може да не знаат што сѐ се наоѓа во нивните електронски цигари или во течните раствори. Многу од производите и супстанциите можат да бидат модифицирани од добавувачите или корисниците“, се вели во извештајот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести и се препорачува тие да се воздржат од користење електронски цигари, или производи на испарување, особено оние што содржат ТХЦ.
Американските држави Калифорнија, Тексас, Илиноис, Висконсин, Минесота и Индијана се рангирани највисоко во извештаите за болести на дишните патишта.
Американската администрација за храна и лекови (FDA) во август најави голем број активности за рушење на пазарот на електронски цигари, кој нелегално ги продава и на тинејџерите.
„Гледаме јасни знаци дека употребата на електронски цигари кај младите достигна ниво на епидемија, и ние мора да приспособиме одредени аспекти на нашата сеопфатна стратегија за да ја спречиме оваа очигледна опасност“, се вели во соопштението на ФДА.
Американската администрација за храна и лекови, на почетокот на септември ја предупреди компанијата за електронски цигари „JUUL Labs“ поради лажните маркетинг-практики за своите производи со тутун, обвинувајќи ја компанијата за модифицирање на ризиците, особено кога се доставува до младите.
Агенцијата соопшти дека издала предупредувачко писмо до компанијата „за рекламирање неовластено модифицирани ризични производи од тутун преку рекламирање и други активности насочени кон потрошувачите, вклучително и презентација на младите во училиштата“.
Истрагата за компанијата од Американската администрација за храна и лекови е последна во низа активности за потенцирање на нелегалните маркетинг-практики на компаниите за електронски цигари и другите електронски системи со никотин.
Агенцијата неодамна беше критикувана од родителите и здравствените невладини организации поради својата небрежност во истрагата за неодамнешната појава на заболувања на дишните патишта и смртните случаи поврзани со ваквите производи.
Требаше да се започне со оваа опсежна истрага откако болестите поврзани со производите првично одзедоа четири животи во САД.