Fatma Esma Arslan
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Лицата поврзани со терористичката организација ПЈД/ПКК преку социјалните мрежи, во обид да го продолжат клеветењето на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот Африн, споделија фотографија на израелски војници со опис дека станува збор за припадници на турските сили, пишува Anadolu Agency (AA).
Имено, профилите кои припаѓаат на лица кои го поддржуваат изнесувањето лаги за операцијата, споделиле фотографија со наслов „Состојбата на турските војници пред ЈПГ“. Утврдено е дека изворната фотографија била направена во Ашдод, Израел, на 19 ноември 2012 година.

Исто така, на социјалните мрежи се појави и фотографија со опис дека Вооружените сили на Турција (TSK), убиваат деца во Африн. Станува збор за фотографија од 30 март 2014 година, и на неа се прикажани деца кои загинале во напад на терористичката организација ДЕАШ.

Освен тоа, споделена е и фотографија дека во Африн бил соборен хеликоптер на Турските вооружени сили, а станува збор за руски хеликоптер кој паднал во Сибир на 22 октомври 2016 година.

Претходните денови се појави монтирана фотографија на Anadolu Agency (AA) на која е прикажан турски војник како држи знаме по ослободување на планината Бурсеја од терористите на ПЈД/ПКК. На монтираната фотографија додаден е симболот на терористичката организација ДЕАШ.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
На социјалните мрежи, поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК покренаа кампања за клевета на споменатата операција и турските сили, и со лажни тврдења споделуваат фотографии кои немаат поврзаност со операцијата „Маслинова гранка“ и со Африн.