Barış Gündoğan
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
АНКАРА
Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа 7 терористи во рамките на воздушната операција реализирана во подрачјето Метина, во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер, во координација со операцијата „Канџа“, реализирана е воздушна акција во подрачјето Метина, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во рамки на операцијата неутрализирани се 7 терористи на ПКК.
Заедно со седумте терористи неутрализирани во подрачјето Гара во утринските часови, неутрализирани се вкупно 14 терористи.