Mesut Zeyrek,Cüneyt Karadağ
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
КЕЛН-БЕРЛИН (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК во Германија извршија напад врз џамија во Келн и на турски ресторан во главниот град Берлин, јавува Anadolu Agency (AA).
Џамијата „Калк Ејуп Султан” во Келн, која дејствува при Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ), е нападната во раните утрински часови, а напаѓачите ги скршија стаклата на прозорците на џамијата и на надворешните ѕидови испишаа терористички пораки.
Претседателот на ДИТИБ, Невзат Јашар Ашикоглу, ја посети џамијата во Келн, а одговарајќи на прашањата на новинарите укажа на проблемот на нападите на џамиите.
„Во последните неколку недели се зголемени нападите на нашите џамии. Наша желба е итно да се преземат мерки за ваквите напади да престанат“, изјави Ашиколгу.
Тој додаде дека ги известиле германските официјални лица, и потсети дека во текот на оваа година се нападнати најмалку 25 џамии.
Ашикоглу нагласи дека овие напади не претставуваат само закана за турското население во Германија и додаде:
„Загрижени сме поради расистичките и дискриминирачки ставови, тие ја загрозуваат нашата животна и верска безбедност. Освен што претставуваат опасност за нас, овие напади се закана и за германското општество“.
Џамијата која беше мета на напади ја посети и турскиот конзул во Келн, Џејхун Ерџијес, кој исто така укажа на значењето на пронаоѓање на адекватно казнување на лицата кои стојат зад овој напад.
Од друга страна, во Берлин е нападнат турски ресторан по име „Turkiyem”. До нападот дошло еден час по полноќ, а напаѓачите ги скршиле стаклата на прозорците на ресторанот. Нема повредени лица во нападот.
Сопственикот на ресотранот Хасан Каја изјави дека нападот на ресторанот го извршиле три лица. Според неговите зборови, напаѓачите фрлале камења на ресторанот додека гостите биле внатре.
„Очекуваме полицијата да го расветли овој случај“, порача Каја.
Ресторанот го посети главниот турск конзул во Берлин, Мустафа Челик.