Betül Yürük
29 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во пожарот што зафати една зграда во њујоршкиот кварт Бронкс животот го загубија 12 лица, а најмалку 15 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што јо објави противпожарниот оддел на Њујорк се наведува дека избувнал пожар во една петкатница во близина на зоолошката граница во квартот Бронкс.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио во изјавата што ја даде од местотот на несреќата рече дека во пожарот животот го загубиле 12 лица, а најмалку 15 се повредени.
Градоначалникот Блазио несреќата ја окарактеризирал како „најтешка огнена трагедија”, додавајќи дека меѓу починатите се наоѓа и едногодишно бебе.
На местотот на несреќата имало околу 170 пожарникари и возила на брза помош. Официјалните претставници соопштија дека пожарот е земен под контрола.
Сѐ уште не е позната причината за настанување на пожарот.