Muhammed Bilal Kenasari
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина дозволува увоз на нафта во Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Фатени сте на дело. Многу сум разочаран поради тоа што Кина дозволува продажба на нафта на Северна Кореја. Доколку оваа ситуација се продолжи, никогаш нема да пронајдеме пријателско решение во врска со прашањето за Северна Кореја“, порача американскиот претседател на социјалната мрежа Твитер.
Потсетуваме, Трамп за време на посетата на Кина во ноември оваа година со претседателот Си Ѓипинг разговараше за прашањето на Северна Кореја.
Си тогаш на новинарите им кажа дека е согласен со Трамп дека ова прашање треба да биде решено со дијалог и преговори, додавајќи дека двете земји ќе преземат заеднички напори во таа насока.
Трамп исто така истакна дека САД и Кина имаат ист став во врска со прашањето за Северна Кореја.