Emel Gözellik
14 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АНКАРА
Пожарите кои минатата недела ја зафатија американската сојузна држава Флорида, досега во пепел претворија површина од 162 хектари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Противпожарните екипи, соопштувајќи дека пожарите биле ефективни на најмалку четири точки, на вкупна површина од 162 хектари, информираа дека пожарите кои се сѐ уште активни во подрачјето на Колиер, им се закануваат на 30-ина куќи.
Патролата на автопатите во Флорида објави дека поради пожарите за сообраќај се затворени некои делови од Автопатот „Интерстејт 75“.
Додека пожарите се активни на ниво на целата сојузна држава Флорида, уништувајќи ги домовите и се причина за евакуација на локалното население, сувиот воздух и високите температури кои се над вообичаените сезонски температури, предизвикуваат нивно ширење.
Одамна во јужниот дел на Флорида се достигнати температури кои вообичаено се гледаат во јуни.
Не само пожарите, туку и недостигот од дожд на целата територија на Флорида има голема улога во ширењето на пожарите.
Досега помали врнежи од дожд од вообичаените се забележани во Дејтона, Форт Маерс, Орландо и Вест Палм Бич.
Поради пожарите кои во подрачјето Панхендл во Флорида започнаа во утринските часови на 7 мај и за кусо време излегоа од контрола, затворени се патиштата кои минуваат низ тој регион.
Ники Фрајд, комесарот за земјоделство на Флорида, даде писмено соопштение во кое информира дека се евакуирани најмалку 1.600 локални жители, а најмалку 33 куќи се оштетени, додавајќи дека досега успеале под контрола да стават само 20% од пожарот.