Dilara Hamit
14 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
ХАТАЈ
Обединетите нации (ОН) денеска испратија 72 камиони со хуманитарна помош за северозападната сириска покраина Идлиб, каде што на милиони цивили им е потребна помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камионите влегоа во Сирија преку граничниот премин „Џилвеѓозу“ во јужната турска област Хатај, која граничи со Идлиб.
Помошта ќе биде поделена на жителите во градот Идлиб и околните рурални области.
Сирија е опустошена од граѓанската војна која започна во 2011 година, кога режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад презеде остри мерки кон продемократските демонстранти.
Според проценките на ОН, во војната досега загинаа стотици илјади луѓе, а повеќе од 10 милиони се раселени.
Идлиб спаѓа во деескалациската зона, а подрачјето беше предмет на повеќе спогодби за прекин на огнот, кои често беа прекршувани од режимот на Асад и неговите сојузници.
Во моментот во Идлиб живеат 4 милиони цивили, меѓу кои и стотици илјади раселени во последните години кои бегаа од нападите на режимските сили од сите делови на земјата.