Fuat Kabakçı
19 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Избувна пожар во зграда во кинескиот главен град, Пекинг, при што смртно настрадаа 19 лица, а повредени се 8, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на кинеската новинска агенција Синхуа, 19 лица загинаа како резултат на пожар кој избувна во една зграда во подрачјето Дашинг во Пекинг, додека осум лица се повредени.
Според соопштеното, пожарот е целосно изгаснат од страна на пожарникарските тимови, а повредените се пренесени во болница.
Се истакнува и дека приведени се неколкумина осомничени за избивање на пожарот.
Започната е истрага во врска со овој случај.