Ekip
22 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
ПАРИЗ (АА) - Откако уништија над 20.800 хектари шумска површина за 10 дена, двата пожари во Жирон, југозападна Франција, во голем дел се стабилизираа, рекоа властите денеска.
Управата на Жирон објави дека 1.800 пожарникари придружени од седум хеликоптери за гасење пожари сѐ уште работат, контролирајќи ги жариштата.
Рекоа дека нема промени во областите Ла Тесте-де-Буш и Ландира, додавајќи дека пожарите не се целосно локализирани, но дека исто така, не напредуваат дополнително.
Од 12 јули, во двата пожари изгореа околу 20.800 хектари шума: 7.000 хектари во Ла Тесте-де-Буш и 13.800 хектари во Ландира.
Од 36.750 евакуирани како мерка на претпазливост, околу 6.000 лица веќе се вратија во нивните домови.
Масовните пожари во двете одделни области во Жирон предизвикаа исклучителна штета на шумското земјиште во регионот.
Трагедијата беше сумирана со широкораспространетата слика каде што се гледа мртвото тело на дивиот елен пронајдено на плажата Бискаросе на 19 јули, околу 30 километри од Тесте-де-Буш.
Медумските извештаи велат дека еленот можеби се упатил кон плажата за да се спаси себеси од чадот и пожарот.