свет

Поларната светлина го осветли небото над Тромсо во Норвешка

Тромсо, сместен во Арктичкиот Круг, е една од најпопуларните дестинации во светот за љубителите на овој природен феномен

Aida Cako  | 21.02.2025 - Обновена : 23.02.2025
Поларната светлина го осветли небото над Тромсо во Норвешка Фото: Hazal Aktaş/AA

ТРОМСО (АА) – Небото над Тромсо, Норвешка, еден од најпознатите градови за набљудување на поларната светлина, повторно блесна во живописни бои додека аурора бореалис приреди незаборавен природен спектакл, јавува Анадолу.

​​​​​​​Тромсо, сместен во Арктичкиот Круг, е една од најпопуларните дестинации во светот за љубителите на овој природен феномен.

Северната поларна светлина е еден од најпопуларните природни феномени и се вбројува меѓу седумте природни чуда на светот.

На северната хемисфера на Земјата таа се нарекува аурора бореалис, а на јужната аурора аустралис.

Феноменот се јавува кога наелектризирани честички од Сонцето влегуваат во атмосферата на Земјата и се судираат со гасовите, како азот и кислород. Овие судири создаваат светлосни ефекти што можат да се видат во различни бои.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.