Mustafa Hatipoğlu,Halil Demir,Melike Gallenkuş
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција уапси најмалку 28 лица, повеќето претприемачи, поради пружање на финансиска поддршка на „ паралелните структури”, односно на терористичката оргнизација ФЕТО или движењето познато како Хизмет предводено од страна на Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата на Обвинителството на Судот во Бакиркој, во Истанбул, распишани се потерници за 51 лице, меѓу кои се наоѓа и претседателот на турската Конфедерација на претриемачи и индустријалци (ТУСКОН).
Тие се гонат поради обезбедување на финансиска поддршка на „ паралелните структури”, а турската полиција во Истанбул, Коња, Кајсери и Мугла изврши претреси во 25 станови, две канцеларии и една компанија. Приведени се 28 лица, а за претседателот на ТУСКОН потврдено е дека се наоѓа во странство.
Обвинетите се гонат поради злоупотреба на верските и националните чувства со кои на различни начини собирале пари и ги давале на фирмите, здруженијата и институциите кои работеле за ФЕТО / ПДЈ, за кои подоцна е установено дека биле депонирани на сметката во банката Асја.
Покрај тоа, осомничените на движењето му праќале и тајни информации кои ги засегаат конкурентните компании, па на тој начин остварувале предност за своите компании. Се дознава дека исто така, на еден претприемач, кој не можел да даде пари, на сила му бил одземан работниот простор во вредност од 950 илјади турски лири.
Обвинителството во Истанбул, во март минатата година, побара лишување од слобода на Фетулах Ѓулен, водичот на движењето кое обвинителството го гони поради повеќе незаконски активности. Турските власти на 2-ри февруари побараа од САД укинување на „зелената карта” на Фетулах Ѓулен. На него, на 28-ми јануари 2015 година „врз основа давање на лажен исказ” му беше поништен турскиот пасош.
Турција претходно издаде потерница за Ѓулен, обвинет за водење на криминална организација и обид за државен удар со цел соборување на владата предводена од Реџеп Таип Ердоган, тогашниот премиер а сегашен претседател на земјата.
Ѓулен, кој од 1999 година живее во САД, кој е обвинет за формирање и водење на "паралелните структури", предводени од него, според наводите на Обвинителството, планирал соборување на владата.