Oktaj Omeragikj
20 Септември 2025•Ажурирај: 21 Септември 2025
БЕРЛИН (АА) - Неколку лица се приведени за време на пропалестински протест пред станицата Берлинска зоолошка градина синоќа, известува Анадолу.
Протестот во Берлин се одржа под слоганот „Граѓанска непослушност за Газа“.
Од 7 октомври 2023 година, Израел извршува геноцидни напади врз Газа, убивајќи повеќе од 65.100 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Стотици илјади се раселени, а гладот е причина за смртта на најмалку 440 Палестинци, од кои 147 се деца.
Во вторник, Независната меѓународна комисија на ОН за истрага на окупираната палестинска територија потврди дека Израел извршил геноцид во Газа.