Rahmi Gündüz
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - По состанокот со претставниците на синдикатот, француското министерство за внатрешни работи ја укина забраната за одржување на утрешните најавени протести и одреди рута по која демонстрантите со мирна прошетка низ Париз да може да го изразат незадоволството од предложените реформи на Законот за работни односи од страна на Владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на Конфедерацијата на работнички синдикати, Филипе Мартинез, соопшти дека постигнале договор со министерството и дека утрешната протестна прошетка ќе биде одржана долж договорената рута. Демонстрантите ќе се соберат на парискиот плоштад Бастилја, а потоа ќе направат круг околу пристаништето Арсенал и повторно ќе се вратат на платото Бастилја.
Бранот на масовни протести и штрајкови во Франција го предизвика владата со предлог-реформите на Законот за труд за кој незадоволните синдикати тврдат дека ги ограничува правата на работничката класа. За време на минатонеделните протести во Париз дојде до пукотници во кои беа ранети 40 лица меѓу кои 27 полицајци.
Министерството за внатрешни работи притоа издаде забрана за одржување на протестите што предизвика уште побурна реакција и негодување на синдикатот и невладиниот сектор. Француските медиуми пишуваат дека тоа била прва забрана за одржување на протестите изречена во Франција по1962 година.
Масовните протести и штрајкови во Франција се оддржуваат во сенката на Европското фудбалско првенство кое се одржува во земјата во периодот од 10-ти јуни до 10-ти јули. Тоа е додатен предизвик за француските органи од редот, а добра вест е дека навивачите со овации и аплаузи ги поздравуваат и поддржуваат демонстрантите собрани на плоштадот и дека досега не се забележани поголеми инциденти помеѓу тие групи.