Ekipa
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ВАРШАВА (АА) - Поради снежна бура во Полска се откажани авионските летови, а оштетени се далеководите и поплавени се многу земјоделски земјишта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во Полска денес се забележани ветрови со јачина од 70 километри на час.
На аеродромот во Гдањск летовите се пренасочени, а голем број се откажани поради снегот и мразот што ја прекрија пистата.
Речиси 1.600 домаќинства во северниот дел на Полска останаа без напојување со електрична енергија откако од паднати дрвја беа оштетени далноводите.
Пристапните патишта во градот Лоѓ се затворени откако се случија четири големи сообраќајни несреќи предизвикани од снегот и мразот. Три камиони останаа блокирани на патот во областа на Вроцлав.
Метеоролозите не се оптимисти во очекувањата и најавуваат дека снежните врнежни не се намалуваат и дека температурите би можеле на некои места да паднат и до -17 Целзиусови степени.
Властите тврдат дека во најголема опасност можат да бидат бездомниците.