Ekipa
03 Март 2025•Ажурирај: 04 Март 2025
ЊУЈОРК (АА) - Полумесечината синоќа создаде воодушевувачка глетка издигнувајќи се над Статуата на слободата која се наоѓа во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
Граѓаните на американската метропола имаа можност да уживаат и да ја фотографираат сјајната полумесечина на темното њујоршко небо.
Инаку, полумесечината го сигнализира настапувањето на месецот Рамазан, кој муслиманите низ светот го одбележуваат со пост и молитва.