Muhammed Bilal Kenasari
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АA) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека американските дипломати мора да бидат присутни во сите делови на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Американските дипломати мора да бидат присутни во сите делови на светот и мора да дејствуваат со цел да ги реализираат нашите цели“, рече Помпео во своето прво обраќање до вработените во Стејт департментот.
Тој порача дека во оваа државна институција ќе биде вдахнат „нов живот“.
„Мојата главна задача е да ве водам. Америка не може да ги постигне своите цели без вас. Јас ќе ви помогнам да ги постигнете тие цели“, рече американскиот државен секретар.
Американскиот Сенат минатата недела го потврди изборот на Помпео за 70. државен секретар на САД.