Yeşim Sert Karaaslan
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, соопшти дека авионот со францускиот патник кај кого е дијагностициран Ковид-19 во Сингапур, се вратил без патникот и дека авионскиот екипаж ќе биде под надзор 14 дена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа во изјава на својот профил на Твитер рече дека патникот на кого му бил дијагностициран коронавирус во Сингапур е француски државјанин.
Информирајќи дека ова лице е транзитен патник од Лондон до Сингапур, Коџа додаде: „Нашиот авион се врати без патник. Екипажот ќе биде задржан под надзор 14 дена.“